spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиМинистрите за млади и образование од Западен Балкан ќе работат заедно за...

Министрите за млади и образование од Западен Балкан ќе работат заедно за подобар регион

Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), државниот министер за млади и деца на Албанија и Министерството за образование и спорт на Албанија го организираа регионалниот министерски состанок за млади и образование во Тирана.

Присуствуваа министрите и замениците министри задолжени за млади и образование на земјите од Западен Балкан, како и министерот за образование на Италија.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, со дел од својот тим беше дел од конференцијата.

-Силно ги поздравивме напорите на  RIKO за размена на иновативни младински програми, и поддршка на младинските организации од Западен Балкан.

Само со заеднички сили и работа може да постигнеме добри резултати, притоа респектирајќи ги човековите права, заложбите за мир, човековите права и различностите, истакна Мојсовски на своето обраќање во Тирана.

-Како да ги задржиме младите во фокусот на Западен Балкан е темата на којашто во Тирана, заедно со министрите одговорни за образование, спорт и млади, развиваме идеи за привлекување политики насочени кон младите, додаде Мојсовски.

Несомнено, сите учесници се согласија дека младите во земјите од регионот се соочуваат со исти предизвици и дека заедничката соработка на ресорните министерства и агенции можат значително да ја подобрат меѓусебната соработка на младите, а со тоа и условите за напредок на младите луѓе во зајакнувањето на граѓанскиот активизам, обезбедување услови за вработување на младите луѓе.

Ги поздравивме резултатите од Berlin Process’s Western Balkan Youth Forum 2021 и Регионалната младинска агенда, развиена од млади луѓе од Западен Балкан, изразувајќи воља истите да бидат применети во пракса од страна на надлежните институции.

Младите се нашата иднина и заслужуваат да бидат слушнати и нивниот глас да биде наша насока во кој правец треба да ги креираме политиките кои се однесуваат на нив.

Агенција за млади и спорт е вистински и искрен партнер на младинските организации и на секој млад човек и заеднички и во иднина ќе продолжиме да работиме на заедничката цел – да создадеме услови и клима за младите луѓе да ги реализираат своите идеи и да напредуваат!

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

ДКСК: Средба со претставници на Советот на Европа

0
Во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата, беше одржан иницијален состанок помеѓу членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата со претставниците...