spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДелчево: Мостот во Тработивиште пуштен во употреба

Делчево: Мостот во Тработивиште пуштен во употреба

Заврши санацијата на пристапната рампа на мостот на река Желевица во делчевско Тработивиште, оштетен од надојдените води на реката при неодамнешните обилни врнежи од дожд.

Со брза интервенција на Општина Делчево и фирмата СД Транс, оштетувањето на пристапната рампа е санирано при што е направен насип од околу 400м3, а дополнително е направена и регулација на речното корито во должина од околу 200 м.

Мостот од завчера е во функција, а неговото оштетување беше еден од посериозните проблеми предизвикани од неодамнешните обилни врнежи од дожд кои донесоа зголемување на водостоите на реките на територијата на Делчево.

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...