spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикати18.000 денари Минимална плата прифатен од социјалните партнери, синдикати, политички партии и...

18.000 денари Минимална плата прифатен од социјалните партнери, синдикати, политички партии и експерти

Сојузот на синдикатите на Македонија изразува задоволство од постигнатиот резултат на преговорите со социјалните партнери водени во врска со предлогот на ССМ за измени и дополнување на Законот за минимална плата во насока на утврдување на минимална плата во износ од 18.000 денари кој износ претставува 62% од просечната нето плата, што ќе придонесе за скалесто зголемување на остантите плати.

Сојузот на синдикатите на Македонија својот предлог го темелеше на стручни економски анализи, а воедно беше покажана огромна одлучност од нашето членство и на тој начин се постигна успех кој што ќе биде пример и за други европски земји поради тоа што висината на минималната плата од 62% е највисокиот износ на минимална плата и за европски услови во споредба со просечната плата.

Не забораваме дека во нашите заложби и активности бевме поддржани од еминентни професори од научната и стручната фела, другите синдикати ( Конфедерација на слободни синдикати на Македонија и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија – КСОМ ) и фондации ( Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje ) ​во Државата, политичките партии ( Левица , ДОМ , Демократски Сојуз, Социјалистичка партија на Македонија ) кои јасно и недвосмислено ја дадоа својата поддршка за работниците за зголемување на нивните плати, а нашиот предлог беше поднесен од пратениците согласно нивните деловнички надлежности на Дневен ред на Собранието на Македонија.

Владата на Република Северна Македонија предводена од СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија и коалицијата за цело време на траење на процесот на социјалниот дијалог покажаа дека ги препознаваат аргументите и анализите на ССМ за зголемување на минималната плата и останатите плати и застана рамо до рамо со работниците за нивните егзистенцијални потреби особено во оваа ковид, економска и енергетска кризна година.

Работодавачите се наш социјален партнер и досега проблемите сме ги разрешувале по пат на социјален дијалог, а со покачувањето на минималната плата нема да бидат оштетени, напротив научните истражувања покажуваат дека со покачувањето на минималната плата ќе дојде до зголемување на продуктивноста на трудот, а со тоа и зголемување на производството во компаниите, нешто на што заеднички ќе работиме, а на тој начин ќе се создадат балансирани односи помеѓу трудот и капиталот што е неопходен услов за развој на економијата и општеството.

 

 

 

 

Извор: Сојуз на синдикати на Македонија 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...