spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на средба со Амбасадорите на земјите- членки на ЕУ акредитарани...

МНР: Османи на средба со Амбасадорите на земјите- членки на ЕУ акредитарани во Северна Македонија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, завчера имаше средба со Амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во Северна Македнија. Средбата беше во функција Министерот да ги брифира Амбасадорите и да даде пресек за актуелните случувања  поврзани со европската агенда на земјата, особено  предизвиците  во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со  ЕУ.

„Северна Македонија демонстрираше посветеност кон европската интеграција, реформскиот процес и регионалната соработка создавајќи со тоа стратешка кредибилност пред своите партнери. Не отстапуваме од нашата амбиција да продолжиме со надворешната интеграција со нашето најблиско соседство, кое посакуваме да резултира со стабилни и квалитетни добрососедски односи, со потенцијал да преминат во трајно пријателство  со силна меѓусебна доверба“, истакна Османи.

 На средбата се дискутираше и за учеството на Северна Макоеднија во заедничката надворешна и  безбедносна политика на ЕУ. Во тој контекст, Османи истакна:

„Нашата држава во 2021 година има постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ, дури 96 % што е индикатор дека земјата ги споделува  вредностите и проинципите  на надворепшната политика на Европската Унија.”

 Зборувајќи за надворешната политика на земјата, Османи се осврна и на регионалните и на безбедносните предизвици и за ситуацијата во и околу Украина, што претставува закана за европската и меѓународната сигурност.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...