spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Фатен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

МВР: Фатен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

На 19.02.2022 во 02.15 часот, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово.

Тој се сомничи дека сторил кривично дело „тешка кражба“ во куќа на ул.„Јоаким Крчоски“ во Скопје, при што одзел повеќе предмети.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и тој го признал делото. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 од Кривичниот законик.

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте