spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Приемен ден на градоначалникот Ѓорѓиевски за преку 30 граѓани

Кисела Вода: Приемен ден на градоначалникот Ѓорѓиевски за преку 30 граѓани

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, одржува приемен ден за преку 30 жители на општина Кисела Вода.

Со цел да им се излезе во пресрет на што повеќе лица за решавање на нивните проблеми, а и да се слушнат сите забелешки, сугестии и идеи што треба да го подобрат секојдневното живеење, средбата се одржува саботно, кога граѓаните имаат повеќе слободно време.

 

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски, директно со жителите разговара околу можните решенија за проблемите што ги засегаат. Се дискутира и околу проектите кои се зацртани во неговата програма, а значат директен одговор на нивните барања и потреби. Ваквите непосредни средби со жителите во нивната Општина, се корисни и за нив и за Општината, поради можноста за изворно информирање за проблемите, а со тоа и побрза реакција и решавање на истите.

 

 

Приемните денови кои секојдневно се одвиваат ќе продолжат со несмалена динамика. Истите се закажуваат на телефон 02/2785-401, каде граѓаните се информираат за датумот и времето на средбата.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...