spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Започна големата пролетна работна акција на градот Скопје и јавните...

Кисела Вода: Започна големата пролетна работна акција на градот Скопје и јавните претпријатија

Од Кисела Вода, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,  заедно со директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и градоначалникот на Општина Кисела  Вода, Орце Ѓорѓиевски, го најавија денешниот почеток на пролетната работна акција низ сите скопски општини.

–  Започнуваме во општина Кисела Вода, каде што од денеска до крајот на неделата во соработка со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, Град Скопје ќе спроведува активности за темелно чистење на градските булевари и површините под градска надлежност, уредување и санација на дефекти во доменот на јавните градски претпријатија – рече градоначалничката Арсовска на почетокот на пролетната акција-изјави градоначалничката Арсовска.

 

-Од име на граѓаните на Општина Кисела Вода, бидејќи вакво нешто се нема одамна случено, сакам да се заблагодарам на Градот Скопје, на градоначалничката, на директорите на јавните претпријатија. Ние како Општина, исто така дополнително ќе се вклучиме со нашите актвности, се со цел да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани. Сметам дека преку вакви заднички активности ќе допринесеме за рамномерен развој во целото Скопје. Ова за нас, како граѓани од Општина Кисела Вода е посебно важно затоа што ние, како Општина долго време бевме маргинализирани. Така што, ова што денес се случува е нешто убаво што треба да се поздрави и апелирам да продолжи и во наредниот период-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Во големата пролетна работна акција која денес отпочна во Кисела Вода на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта и Лајка, придружени од сезонските работници од Кисела Вода. Заедничките екипи до крајот на неделата спроведуваат активности за темелно чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, поставување и обновување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од страна на граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,  како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Во рамките на оваа голема акција, ЈП „Комунална Хигиена” постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.

Локациите на кои од денеска до недела може да се остава кабастиот отпад се следните:

УЗ Населба Драчево

ул. “Бранко Заревски” бр.17, Парк на бранители;

УЗ Кисела Вода

ул. “Христо Татарчев” (главна улица – наспроти ЈГД 8-ми Март);

УЗ Цветан Димов

ул. “Георги Димитров” (заден влез на СГУ Васил Антевски-Дрен);

УЗ Црниче

ул. “Наум Охридски” бб (пред УЗ Црниче).

Пролетната акција во општина Кисела Вода ќе трае од 21-ви март и ќе трае се до 27-ми март, а потоа теренските екипи на Јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

МЗ: Осовременување на календарот за имунизација со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9

0
Mинистерот за здравство д-р Илир Демири учествуваше на симпозиумот „Гардасил 9 – Една вакцина за сите“, кој нуди одлична можност за споделување сознанија од...