spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Решени 1.550 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

Град Скопје: Решени 1.550 барања од граѓани преку адресата 24@skopje.gov.mk

На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 1.755 барања, од кои решени се дури 1.550. Најголемиот број граѓани на овој мејл имале прашања поврзани со даноците на имот, пријавиле проблеми поврзани со безбедноста на сообраќајот, односно барања да се постават платоа што ќе ги натера возачите да ја намалат брзината. Дел од барањата на граѓаните се однесуваат на комуналниот сектор за кастрење суви гранки, сечење стари и суви дрвја и уредување на јавни зелени површини.

На електронската адреса 24@skopje.gov.mk граѓаните можат да пријавуваат предизвици во надлежност на градот, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши секојдневните предизвици со кои тие се соочени.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...