spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСтатииПлати во Администрацијата

Плати во Администрацијата

Почитувани граѓани, и вработени во администрацијата и јавниот сектор,

Деновиве актуелна тема во Македонија се платите на администрација и јавниот сектор, дали да се зголемат или не…?

Тимот на Javnaadministracija.mk својот став и преку факти за целата ситуација ќе ја прикаже преку оваа статија.

Согласно Извештајот од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2020 година на Министерството за информатичко општество и администрација,

Во Државната дминистрација  (Органите на Државна власт и Локална власт – Општини) во Македонија официјално имаме 21.700 вработени, која бројка во оваа година драстично ќе биде намалена.

За просечната плата на овие вработени  официјален податок немаме, но неофицијално таа изнесува од 21.000 денари до 24.000 денари.

 

Согласно синдикатите во Македонија и самите вработени во администрацијата, тие бараат колку се зголемува минималната плата, толку да се зголеми нивната плата, односно 20% или 3000 денари.

Па согласно горенаведеното, ако земеме дека тоа би изнесувало по вработен во администрацијата  27.000 денари нето просечна плата, што не е толку, државната каса во Македонија би ја чинело околу  9,7 милиони евра месечно или 116 милиони евра годишно на буџет од 4.5 милијарди евра.

Тоа изнесува  САМО околу над 2,5 % од буџет на Македонија за целата Државна Администрација.

Притоа од таа плата што ја земаат вработените во целата државна администрација 70% до 75 % ја даваат и ја користат во приватниот сектор, дали за основни или  дополнителни потреби (Сметки за својот дом, Кредит во Банка, Храна, Образование и Спортски активности, Нафта, Одмори…итн) 

ПЛАТИТЕ во Администрацијата треба да се зголемат, но и  ТРЕБА да се има метод и системски начин како тоа да се направи, ЗА СЕГА  но и за ПОНАТАМУ…

Тимот на Javnaadmistracija.mk во следната статија ќе напише и за  ПЛАТИТЕ во Јавниот сектор – Очекувајте не и  борете се за вашите Права  и Плати, ОД ВАС ЗАВИСИ.

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...