spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Европска бронза за талентираниот боксер Петар Арсовски

АМС: Европска бронза за талентираниот боксер Петар Арсовски

Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција по повод европската бронза за младиот македонски боксер Петар Арсовски на ЕП за млади во Софија, Бугарија.
-Освојувањето на бронзениот европски медал дава надеж дека Петар ќе тргне по стапките на многу наши македонски боксери и дека ќе ги достигне нивните остварувања на големите меѓународни настани.

Европските и светски медали на Вели Мумин, Примислав Димовски, Фатон Салиху, Аземи, Русевски треба да претставуваат само мотивација за младиот боксер, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

 

На пресот свои излагања имаа и тренерот на Арсовски, како и претседателот на Боксерската федерација Примислав Димовски.

-Остварувањето на овој успех за нас не е неочекуван, и сметам дека неговиот медал заедно со медалот на Ардијан Аземи од пред две години покажуваат дека имаме млади таленти со кои може да се работи и дека сретствата кои АМС ги обезбедува се оправдани, истакна Примислав Димовски.

Тој додаде дека Париз 2024, па и Лос Анџелес 2028 се можеби далеку, но со вакви таленти шансите за обезбедување настап, но и остварување резултат се големи.

 

 

 

Извор: Агенција за Млади и спорт 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...