spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Финална фаза на реконструкција на ул.„Манчу Матак“

Ѓорче Петров: Финална фаза на реконструкција на ул.„Манчу Матак“

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски извршија увид во финалната фаза од реконструкцијата на улицата „Манчу Матак“ во Хром.

Изведена е нова линија на атмосферска канализација во должина од 850 метри заедно со краците, асфалт во должина од 650 метри и нови тротоари со површина од 1.700 метри квадратни.

Делот на атмосферската канализација на „Манчу Матак“ понатаму се приклучува на главниот колектор под улицата „Кичевска“ и се движи кон реката Вардар.

При изведба на работите на оваа улица се изврши и делумна промена на инсталациите за електрична енергија со што се подобрува снабдувањето на овој дел од општината.

Проектот е финансиран преку заем од МСИП 2 програмата на Светска банка, преку Министерството за финансии.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...