spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Градиме план и стратегија за подобрување на условите за враќање на...

МИОА: Градиме план и стратегија за подобрување на условите за враќање на квалитетните кадри

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, завчера присуствуваше на тркалезната маса посветена на враќањето на квалитетните кадри во татковината, под наслов: ,,Враќање на човечкиот потенцијал“, во организација на Универзитетот ,,Мајка Тереза ”.

Поздравувајќи ги присутните, Министерот се осврна на подобрувањето на условите и квалитетот на живот, како предуслов за враќање на човечкиот потенцијал.

Мерит системот кој што е меѓу  приоритетите на Министерството за информатичко општество и администрација е еден конкретен чекор за постигнување на таа цел. Иако живееме во бурни времиња, треба да имаме предвид  дека местото на квалитетните умови повеќе припаѓа на татковината отколку надвор од неа.

Министерот додаде дека како Влада и како министерство  градиме план и стратегија за подобрување на условите за враќање на квалитетниот кадар.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...