spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање...

МТСП: Корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството

Министерството за труд и социјална политика, преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош и остварување на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците од април до септември за време на вонредни околности, односно за времетраењето на пандемијата со КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика, со оглед дека вонредните околности со пандемијата од КОВИД -19 се завршени, ги известува граѓаните дека олеснетиот пристап до правото на гарантирана минимална помош престанува да важи и корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита, сметано од 30.06.2022 година.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...