spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

АМС: Недела на млади

Оваа година Агенцијата за млади и спорт,  заедно со другите младински организации, организациите за млади, Националниот младински совет и меѓународните  партнери , организира недела на млади почнувајќи од  денес 8 ми до 12 ти август.

Серија на настани и активности кои имаат за цел да го слушнат гласот на младите, да се препознаат нивните заложби, да ги поттикнеме да бидат активни чинители во креирање на процеси кои се важни за нив, а од друга страна да бидат креатори на нивната сегашност и иднина и да продолжиме да изнаоѓаме нови начини и методи заедно.

Заедно можеме да создадеме подобри услови за делување, нашата  цел е младите да чувствуваат сигурност во институциите и заедно да соработуваме за уште поголеми успеси.

Во наредниот период АМС во партнерство со Владата, релевантните институции за млади, формите на младинско организирање и Советот за млади ќе работи на креирање на нова  Стратегија за млади која ќе ги следи реалните потреби на младите луѓе и ќе одговори на барањата што тие ги имаат. Веќе е изработена методологија  за креирање на Националната стратегија за млади, ги поставивме темелите и очекувам до крајот на годината да имаме првична верзија на Стратегијата која ќе биде проследена со акциски план за 2023 година , процесот е целосно инклузивен и тренспарентен.

Посебна благодарница на меѓународните организации кој не подржуваат во  целиот процес , а тоа се Постојаната мисија на ОБСЕ , организциите под ОН, како што се УНДП , УНФПА .

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...