spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: 25-от традиционален есенски Дипломатски тениски турнир

МНР: 25-от традиционален есенски Дипломатски тениски турнир

По повод одбележувањето на државниот празник 11 Октомври, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија денес го организираше јубилејниот 25-от традиционален есенски Дипломатски тениски турнир, кој се одржа на терените на тенискиот клуб Евросет во Скопје.

На Дипломатскиот тениски турнир учествуваа дипломати од резидентните дипломатските и конзуларни претставништва на странските држави, повеќе претставници на меѓународни организации во земјата и дипломати од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

 

По завршувањето на натпреварувачкиот дел од тенискиот турнир беше организиран пригоден прием за учесниците на настанот.

Спортско дипломатскиот настан беше овозможен со несебична поддршка на неколку општествено одговорни компании меѓу кои беа Порше Македонија, фармацевтската компанија Алкалоид, хотелот Хилтон, Скопска пивара и македонската винарија Стоби.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте