spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeНовостиПлати во Администрацијата

Плати во Администрацијата

Почитувани граѓани, и вработени во администрацијата и јавниот сектор,

Деновиве актуелна тема во Македонија се платите на администрација и јавниот сектор, дали да се зголемат или не, односно дали треба да има толку вработени во администрацијата …?

Тимот на Javnaadministracija.mk својот став и преку факти за целата ситуација ќе ја прикаже преку оваа статија.

Согласно Извештајот од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2021 година на Министерството за информатичко општество и администрација,

Во Државната дминистрација  (Органите на Државна власт, Самостојни државни органи, Регулаторни тела и Локална власт – Општини) во Македонија официјално имаме 23.000 вработени, која бројка секоја година се намалува.

За просечната плата на овие вработени официјален податок немаме, но неофицијално таа изнесува од 21.000 денари до 24.000 денари.

 

Согласно синдикатите во Македонија и самите вработени во администрацијата, тие бараат колку се зголемува минималната плата, толку да се зголеми нивната плата, односно 20% или 3000 денари.

Па согласно горенаведеното, ако земеме дека тоа би изнесувало по вработен во администрацијата  27.000 денари нето просечна плата, што не е толку, државната каса во Македонија би ја чинело околу  10 милиони евра месечно или 120 милиони евра годишно на буџет од над 4.5 милијарди евра.

Тоа изнесува  САМО околу над 2,5 % од буџет на Македонија за целата Државна Администрација.

Притоа од таа плата што ја земаат вработените во целата државна администрација 70% до 75 % ја даваат и ја користат во приватниот сектор, дали за основни или  дополнителни потреби (Сметки за својот дом, Кредит во Банка, Храна, Образование и Спортски активности, Нафта, Одмори…итн) 

ПЛАТИТЕ во Администрацијата треба да се зголемат, но и  ТРЕБА да се има метод и системски начин како тоа да се направи, ЗА СЕГА  но и за ПОНАТАМУ…

Тимот на Javnaadmistracija.mk во следната статија ќе напише и за  ПЛАТИТЕ во Јавниот сектор – Очекувајте не и  борете се за вашите Права  и Плати, ОД ВАС ЗАВИСИ.

 

 

 

 

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...