spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингНеколку финансиски совети кои ќе ви го олеснат управувањето со парите

Неколку финансиски совети кои ќе ви го олеснат управувањето со парите

Ако си го поставиме прашањето: Кој би бил првиот совет што би му го дале на свој близок за да ја подобри својата финансиска состојба, тогаш одговорот би следел: Прво плати си одреден месечен износ на твоја посебна сметка и автоматски заштеди.

Второ, секогаш постои начин да се заштеди. Знаењето точно каде се ,,одлеваат” парите е многу важен факт за подобрување на вашите финансии. Добра идеја за старт е да водите посебен бележник и во него да запишувате на што точно ги трошите парите во месецот. Запишете ги и одвојте ги приоритетите во месецот, како и оние работи што навистина не ви се потребни. На тој начин оваа евиденција на трошоците ќе ве доведе до посовесно и попаметно трошење.

Бидете свесни и следете ги акциите во продажбата,отплата на рати без трошоци, купоните и кодовите за попуст од трговците. Планирајте го месечното трошење при пазарењето на редовните намирници за домот, за облека и обувки и заштедете на разликата во цените на производите. Откажете ги месечните претплати кои не ги користите или пак побарајте друга алтернатива.

Исто така, доколку сте во можност инвестирајте во недвижност. Секако дека ќе треба да потрошите средства за опремување, декорација, изнајмување, даноци и слично, но месечниот поврат на средствата од закупнината ќе ви помогне полесно да ја отплатите месечната рата и на крајот имотот да остане во ваша сопственост.

Преземете одговорност за кредитите кои ги отплатувате и направете план за рефинансирање. Создајте реален месечен буџет со цел месечната рата да биде во согласност со вашите месечни приходи и истата да не претставува оптеретување во месецот. Кога аплицирате за поголем износ на кредит, можете да ја обезбедите вашата финансиска сигурност со тоа што ќе вклучите и осигурување на кредитот. Идејата е доколку не можете да го исплатите кредитот вие, осигурувањето да го покрие кредитот. Планирајте ја својата иднина и бидете подготвени за предизвици кои следат во животот.

За крај, доколку се одлучите за рефинансирање на вашите кредити доволно е да ја побарате финансиската поддршка од ИутеКредит Македонија. Одберете износ до 240.000 денари со рок на отплата до 48 рати  и аплицирајте за потрошувачкиот кеш кредит на ИутеКредит онлајнIuteCredit Macedonia | најбрзо и најкомфорно!, или преку мобилната апликација MyIute која е достапна на Google Play или App Store. Аплицирањето за кредит е  достапно 24/7, во секое време од денот. Одобрувањето на средствата од кредитот е за само 10 минути. Истите  стануваат веднаш достапни за користење. Исплатата на кредитот, исто така е овозможена и на ИутеКредит Mastercard картичка.

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...