HomeUncategorizedЧаир: Форум на тема „Обновливите извори на енергија за сигурна иднина“

Чаир: Форум на тема „Обновливите извори на енергија за сигурна иднина“

„Обновливите извори на енергија за сигурна иднина“ беше темата на форумот што го одржавме во рамки на истоимениот проект и е дел од програмата Еразмус+ каде општина Чаир е проектен партнер.
Во оваа прилика градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, ги презентираше добрите практики кои институцијата што ја води ги спроведува во користењето на обновливите извори на енергија, појаснувајќи дека во моментот, во овој период на енергетска криза, општина Чаир е фокусирана на воспоставување соларни панели во едукативно образовните институции.
На оваа трибина и претходеше средбата што градоначалникот Ганиу ја имаше со учесниците на проектот „Обновливи извори на енергија за безбедна иднина“ во кој учествуваат претставници од Турција, Словачка и Романија, како и Еко Живот од Кавадарци, Северна Македонија и општина Чаир.
petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката дека ќе се прави пресметката согласно...