spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЧаир: Над 200 енергетски ефикасни електрични светилки се донирани за ООУ „Исмаил...

Чаир: Над 200 енергетски ефикасни електрични светилки се донирани за ООУ „Исмаил Ќемали“

Над 200 енергетски ефикасни електрични светилки се донирани од компанијата BAULED за основното училиште „Исмаил Ќемали“ во Чаир.
Работните тимови на оваа компанија веќе ги поставија светилките, додека градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу заедно со претставници на BAULED извршиja увид во сите училници и ходници каде што беа поставени.
“Многу сум благодарен на оваа компанија што се грижи за нашите малечки и ни помогна да ги намалиме трошоците за струја.
Во меѓувреме, при посетата, директорката на училиштето, Теута Имери ни додели благодарница за придонесот за оваа образовна институција.
Светлината на знаењето е секогаш најсветлата светлина”, рече Ганиу.

Прочитајте