HomeОпштиниБерово: Ќе се рехабилитира локален пат, за пристап до земјоделско земјиште, до...

Берово: Ќе се рехабилитира локален пат, за пристап до земјоделско земјиште, до туристичката населба Абланица

spot_img
spot_img

Во Министерството за земјоделство, шумарсто и водостопанство на РСМ, Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, во присуство на Министерот за земјоделство, шумарсто и водостопанство, Љупчо Николовски и Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски,  го прими решението од  Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, со кое на општина Берово и се одобрени средства за рехабилитација на дел од локален пат, за пристап до земјоделско земјиште,  до туристичка населба Абланица.

Со овој проект ќе  се изврши чистење и тампонирање на постоечката траса на земјенниот пат, до туристичка населба Абланица, од мостот кај река Брегалница, до влезот во туристичката населба, со должината од околу 857 метри.

Проектот ќе се реализира преку Програмата за рурален развој, мерка 124- Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, подмерка 124.3 – Инфраструктура за прстап до земјоделско земјиште, врз основа на Програмата за финансиска поддршка за рурален развој.

За истиот, од Буџетот на Агенцијата за финасиска поддршка и рурален развој, обезбедени се вкупно 999.771,00 денари.

 

 

 

Извор: Општина Берово

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија