spot_img

Гевгелија: Градоначалникот Сарамандов оствари средба со грчката амбасадорка Филипиду

ОпштиниГевгелија: Градоначалникот Сарамандов оствари средба со грчката амбасадорка Филипиду

Најчитано

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов завчера оствари работна средба со грчката амбасадорка во државата, Н.Е. Софија Филипиду, заедно со претставници на Конзуларното претставништво. На средбата во Општина Гевгелија, се дискутираше за повеќе теми- соработката помеѓу двете земји и продлабочување на добрососедските односи, особено, преку реализација на проекти во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, како и заедничкото аплицирање за средства од фондовите на Европската Унија.

 

Притоа, градоначалникот Сарамандов истакна дека секојдневното присуство на грчките граѓани во Гевгелија за локалната самоуправа е дополнителна мотивација за локалниот економски развој и развивањето туристички потенцијали, но и основа за развивање на меѓупријателските односи и остварување на заедничките цели за добробитот на двете земји.

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе