spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Јавен повик за Локален Младински совет

Гостивар: Јавен повик за Локален Младински совет

Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02), Член 16, 17, 18 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020, 16.01.2020) и член 42г од Статутот на Општина ГостиварПредседателот на совет донесува:

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ

Локалното собрание на млади при Општина Гостивар распишува јавен повик за членство во Локален младински совет.

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

• Да имаат активности на територијата на Општина Гостивар;

• Да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на овој повик;

• Членот/ката треба да се жители на Општина

Гостивар и да се на возраст од 15 до 29 години.

Пријавување: Сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават следните документи на имејл: info@gostivari.gov.mk или да ги поднесат во архивата на Општина Гостивар, бул. Браќа Ѓиноски бр.61, со ознака “Апликација за членство во Собранието на Советот на млади”.

Задолжителни документи:

1.Портфолио за работата на организацијата. 2.Мотивациско писмо за учество во Локалното собрание на млади, но не повеќе од 1 страница. 3. Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Гостивар.

4.Номинација на член/ка со контакт-детали.

Рокот за пријавување е од 30.01.2023 до 10.02.2023.

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Комисијата на Локалното собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Гостивар.

За повеќе информации околку повикот може да се обратите на следните контакти: 042/214 600, info@gostivari.gov.mk

Kryetari i këshillit

Председател на совет

Valbon Limani

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...