HomeОпштиниГостивар: Се одржа конститутивната седница на Локалното младинско собрание

Гостивар: Се одржа конститутивната седница на Локалното младинско собрание

spot_img
spot_img

Во просториите на Младинскиот центар YCC во 11:00 часот се одржа конститутивната седница на Локалното младинско собрание.

Од редовите на Локалното младинско собрание беше избрана и изгласана комисија со три члена која е надлежна да го следи општиот процес на избор на членови на Локалниот младински совет.

На конститутивната седница на Локалното младинско собрание беа избрани претседавачот и уште двајца членови за Комисијата, додека мандатот на членовите на Локалното младинско собрание, вклучително и претседавачот, трае две години со право на реизбор.

Локалното младинско собрание на конститутивната седница донесе одлука за формирање на комисијата која до следниот состанок на Локалното младинско собрание треба да го подготви Деловникот за работа на Собранието.

За општина Гостивар, младите од градот и понатаму остануваат приоритет, додека Локалното младинско собрание ќе биде претставник на младите во општинските власти.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија