spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаIute Star – успешен вработен за месец декември во Иуте Кредит Македонија

Iute Star – успешен вработен за месец декември во Иуте Кредит Македонија

Иво Смилевски, IT Specialist во IuteCredit Macedonia

Иво се приклучи во тимот на Иуте Кредит Македонија, во ноември 2022 година на работна позиција ИТ специјалист во секторот Operational Management. Веднаш се приспособи на работното место, а со долгогодишното искуство во ИТ индустријата веднаш ја презеде одговорноста и се истакна со високи организациски способности. Брзо се прилагоди кон тимот за операции, а сите ние добивме чувство како долго време да е во компанијата. Неговата брза реакција, одговорноста кон зададените задачи, стручноста и паметните предлози придонесоа за зголемување на ефикасноста во секојдневното работење. Тој е главен диџеј во секторот, при тоа секогаш позитивен и духовит за добра работна атмосфера. Заслужено ја понесе титулата Iute Star за месец декември.

Ти посакуваме многу успеx во иднина!

Во прилог следи кратко интервју со нашиот вработен.

Која  е твојата тајна формула за постигнатата успешност во работата за краток период во ИутеКредит?

-Многу од тоа се сведува на мојата верба во себе и перцепцијата за животот. Овие три способности се хранат една со друга во континуиран циклус кој неизбежно ме доведе до успех. Еве ги моите три тајни за постигнатата успешност:

  • Верување
  • Перцепција
  • Упорност

Кое е твоето движечко мото во животот?

-„Парите не можат да купат среќа, но ниту љубовта не може да купи Ферари.”?

Дали имаш хоби на кое си посветен по работното време?

-Соло спортови како што се велосипедизам, пешачење, фитнес итн.

Дали знаеш да подготвиш некаков специјалитет?

-Специјалитетот е нечија друга област и експертиза, најдобриот специјалитет за мене е подготвен во ресторан. ?

 

 

 

 

 

Извор: IuteCredit Македонија 

Прочитајте