spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: 500.000 денари парична помош за настраданите од земјотресот во Република Турција...

Центар: 500.000 денари парична помош за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија

 

На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, советниците на општинскиот совет на денешната 1-ва вонредна седница едногласно ја изгласаа Одлуката за доделување парични средства за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија.

Финансиската помош од страна на Општина Центар во износ од 500.000 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот за солидарност на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и овие средства се доделуваат за хуманитарна помош во знак на солидарност за настраданите и нивните семејства во Република Турција и Сирија.

„Во овие тешки денови за населението на Турција и Сирија, каде животите ги загубија речиси 16.000 жители, хуманоста и помошта се неопходни за побрзо и полесно справување со последиците и штетите настанати од разорниот земјотрес. Затоа би сакал јавно да апелирам до сите граѓани да се мобилизираме и да се вклучиме со донации за помош и поддршка за настраданите “, изјави Герасимовски.

Средствата од Одлуката за доделување финансиски средства се издвојуваат од постојаната резерва на Буџетот на Општина Центар за 2023-та година.

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Бутел: По 40 години реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки”

0
Нема запирање кога се работи за доброто на граѓаните и за нивните потреби. Денес, започна реконструкцијата на улицата “Натанаил Кучевишки” со површина од 3000...