HomeОпштиниМакедонски Брод: Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на...

Македонски Брод: Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание за млади

spot_img
spot_img

Јавниот повик се распишува за основање на Иницијативен одбор во Општина Македонски Брод, кои ќе бидат дел од иницијативата за основање на Локален младински совет во Општина Македонски Брод.

Иницијативниот одбор ќе го сочинуваат 5 (пет) члена. Членови на Иницијативниот одбор можат да бидат млади лица, номинирани од младински организации или друг тип младински структури од Општина Македонски Брод. Членовите на Иницијативниот одбор ќе бидат континуирано вклучени во активностите за формирање на Локалниот младински совет, се до формирањето на Основачкото локално собрание на млади.

Критериумите за организациите кои сакаат да номинираат свој претставник како член во Иницијативниот одбор се следните:

– Да се младински здруженија,

– Организации за млади,

– Подмладоци на политички партии,

– Средношколски или студентски организации,

– Спортски друштва,

– Културно-уметнички друштва,

– Други форми на здружување на млади, формални или неформални здруженија на млади,

– Да се регистрирани и/или да делуваат на подрачјето на Општина Македонски Брод и

– Да имаат интерес за развој на младинското здружување на локално ниво.

 

Комплетниот Јавен повик можете да го погледнете ТУКА.

 

 

 

 

Извор: Општина Македонски Брод 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија