Денес со делегација од Град Скопје сме во службена посета на градот Измир, Република Турција, каде одржавме работна средба со Градоначалникот Мустафа Тунч Сојер и потпишавме протокол за збратимување помеѓу Скопје и Измир.
Со градоначалникот на Измир, со кој денеска потпишавме протокол за збратимување, истакнавме подготвеност за зајакнување на меѓусебните пријателски релации и соработка на конкретни проекти од взаемен интерес, во областа на туризмот, економијата, културата, образованието и животната средина.
Со овој протокол, Град Скопје и Град Измир, пристапуваат кон конкретна соработка преку реализација на проекти од взаемен интерес и утврдување на соодветна динамика за нивна имплементација.
На денешната средба на покана на Градоначалникот на Измир, присуствуваа пратеници, советници, градоначалници од 30 општини под Градот Измир,како и голем број на здруженија, организации од деловната заедница и асоцијации на македонски иселеници во Измир.
Овој протокол е од исклучителна важност за Градот Скопје од аспект на меѓународно поврзување со град со кој взаемните интереси и цели ќе се преточат во проекти во сите области од интерес, како и размена на искуства кои се во надлежност на локалната самоуправа.
Извор: Град Скопје