spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаЦентар: Герасимовски - Инвеститорите два пати ќе размислат дали ќе градат на...

Центар: Герасимовски – Инвеститорите два пати ќе размислат дали ќе градат на диво

„Ме радува тоа што Иницијативата за конфискација на дивоградби побуди голем интерес во јавноста. Мојата цел е да најдеме решение за бесправно изградените објекти преку широка дискусија од стручни лица“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во дневникот на Сител Телевизија.

„Прво да отвориме јавна дебата да повеќе стручни лица дадат свое мислење. Ова е проблем на секоја локална самоуправа во државата и верувајте не е секогаш решение да ги уриваме дивите градби. Прво, тоа чини многу, ние ја оневозможуваме функционалноста не ги уриваме целосно објектите затоа што чини неколку милиони денари, а откога ќе ги оневозможиме градбите останува грдата слика за половина урнати објекти во кои се населуваат бездомници. За жал имаме објекти на државно земјиште каде имаме непознати сторители и средствата за нивно уривање нема од кого да ги наплатиме. Затоа мојата цел е преку Иницијативата и измени во членови во законите да ги заштитиме општинските средства и во иднина помалку да се размислува дали да се отпочне дивоградба“, рече Герасимовски.

Герасимовски потсети дека во минатото право на конфискација имале градежните инспекции затоа Иницијативата треба сериозно да се разгледа. Во Општина Центар рече Герасимовски има околу 10-тина бесправни објекти по кои општината треба да постапи. Тој потенцираше дека доколку се прифати иницијативата, квалитетот на градба и статиката на конфискуваните објекти пред нивната намена ќе ја испитуваат тим експерти.

„Дивоградбите кои ќе бидат конфискувани пред да се пренаменат во нешто ќе бидат испитувани од тип експерти. Ќе се испитува квалитетот на градба, статиката целиот објект. И секако морам да напоменам дека ќе се внимава во каква пренамена би добил тој објект. Тоа зависи од средината и да не им пречи на граѓаните во околината“, рече Герасимовски.

Поддршка за иницијативата Герасимовски доби од министерот за правда Кренар Лога пред кого ја претстави иницијативата, а во понеделник ќе се сретне и со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Поддршка Герасимовски доби и од градоначалниците на последната седница на ЗЕЛС пред кои ја претстави инцијативата за конфискација на дивоградби.

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...