spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Во тек втора фаза реконструкција на ул. Даме Груев

Град Скопје: Во тек втора фаза реконструкција на ул. Даме Груев

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и Патишта Саид Саид извршија увид на реконструкцијата на втората фаза на ул. Даме Груев од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул. Македонија, сообраќајница која е во лоша состојба и континуирано е посочувана од жителите како опасност по учесниците во сообраќајот.

Реконструкцијата ја врши градското јавно претпријатие Улици и патишта Скопје.

Овој проект е од големо значење за жителите на Центар кои живеат на тој потег, но и на сите кои секојдневно се движат по овој потег.

Во текот на градежните работи на овој дел од улицата Даме Груев покрај коловозот на површина од 3.250 квадратни метри, се реконструираат и пешачките патеки, нивелираат шахтите и сливниците, а планирана е велосипедска патека и уредување на зеленилото долж целата сообраќајница.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте