spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЧаир: Улицата „Славеј Планина“ Го Добива Името На Екс Претседателот на Ко

Чаир: Улицата „Славеј Планина“ Го Добива Името На Екс Претседателот на Ко

Во една од најстарите населби на општина Чаир и многу блиску до Скопското Кале заедно со претседателката на Република Косово Вјоса Османи Садриу го олицетворивме историскиот претседател д-р Ибрахим Ругова со именување на една од улиците на главниот град на земјата по неговото име.
Со нас денеска беше и Теута Ругова, ќерката на претседателот Ибрахим Ругова.
Ова е најмалото нешто што можеме да го направиме за еден толку истакнат лидер на нашата нација, човек кој до последниот миг од својот живот дишеше за Косово особено и за Албанците воопшто.
Доктор Ибрахим Ругова навистина не го виде независното Косово со свои очи, но денес не само што го гледаме независното Косово туку и неговото име го овековечуваме насекаде надвор од границите за никогаш да не го фати ниту една честичка на заборавот.
Животот, душата и делото на Ибрахим Ругова се преточени во светлина и инспирација за сите Албанци каде и да живеат.
Заедно со претседателката ја посетивме и нашата Стара чаршија, положивме цвеќе кај спомениците на Скендербег и на Хасан Приштина.
Претседателке Вјоса Османи, ви благодариме за честа што му ја направивте на Скопје денес!

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...