Проектот „Заживување на занаетите и градење култура за заеднички туристички развој“ објавува конкурс за пријавување на занаетчии и туристички и угостителски бизниси од општина Тетово и околината за учество на специјално дизајнирани обуки.
Целта на обуките
Обуките имаат за цел да им помогнат на занаетчиите и туристичко-угостителските бизниси да ја подобрат својата понуда, промоцијата и пласманот на своите производи и услуги, односно да допрат до поголем број клиенти и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот, како и активно да се вклучат во проект кој ќе понуди и дополнителни форми на поддршка.
Во рамките на проектот, учесниците ќе имаат и можност да бидат дел од активности за развој на нова туристичка понуда на општина Тетово и регионот. Понудата ќе се темели на традиционалните занаети и процесот на нивната изработка. Дополнително, ќе имаат и можност да учествуваат на два прекугранични саеми на занаетчии кои, во рамките на проектот, ќе се организираат во Тетово и Призрен.
Теми на обуките
Заинтересираните кандидати кои ги задоволуваат критериумите за учество, може да се пријават за една, две или сите три од следниве обуки:
- Развој на бизнис модел и бизнис план (2 дена)
- Дигитален маркетинг и онлајн продажба (3 дена)
- Дизајн на производ и брендирање (1 ден)
Секој учесник на обуките ќе има можност и за дополнителни индивидуални менторски средби со консултант во некоја од горе наведените области.
Критериуми за учество
Овие обуки се наменети за кандидати кои ги исполнуваат следниве услови:
- Се правни лица (фирми или друго релевантно правно лице) од општина Тетово, Теарце, Јегуновце, Желино, Брвеница, Боговиње и Врапчиште.
- Занаетчии од истите општини (предност имаат креативни и традиционални занаети кои се атрактивни за креирање на туристичка понуда).
- Туристички и угостителски бизниси, особено оние кои се темелат на локалното кулурно наследство и традиција.
Во таа смисла, ги повикуваме да се пријават сите оние кои се занимаваат со креативни занаети, како што се изработка на накит од злато/сребро и друг материјал, изработка на филигран, сувенири и друг тип предмети од дрво, бакар и сл., изработка на традиционална облека; приготвување на храна на традиционален начин – традиционални слаткари, бурекџилници и сл., микро и мали туристичко-угостителски бизниси – туристички водичи, етно ресторани, етно сместувачки капацитети, B&B хотели, тур оператори, локални туристички агенции и сл., коњички клубови и останати субјеки од полето на адреналински туризам.
* Оваа листа не е исцрпна и служи само за да даде насока за тоа кои типови на учесници се најсоодветни за овие обуки.
Обуките ќе се спроведуваат во периодот од мај – декември 2023 со физичко присуство на локација во Тетово, во групи од 15 до 20 учесници.
Начин и рок за пријавување
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат критериумите за учество, можат да се пријават на два начини:
- по електронски пат со пополнување на онлајн пријава на следниот линк, или
- со директно поднесување на апликација до општина Тетово до долу наведеното контакт лице:
Ленарт Ајдини
Телефон: 072 662 308
e-mail: lenartajdini@gmail.com
Рокот за пријавување е до 12 мај, 2023 година до 16:00 часот.
Селектираните кандидати ќе бидат контактирани од страна на проектниот тим.
За дополнителни информации околу начинот на организација на обуките, пишете ни на gkusevski@ceed-macedonia.org или јавете се на 076 360 107 (Ѓорѓи Кушевски).
Извор: Општина Тетово