spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарбинци: Правилникот за субвенционирање на домаќинствата за набавка и монтажа на високоефикасни...

Карбинци: Правилникот за субвенционирање на домаќинствата за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди

На одржаната седница на Советот на Општина Карбинци е донесен “Правилникот за субвенционирање на домаќинствата во Општина Карбинци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.”

 

Со овој правилник се утврдуваат начинот, постапката и критериумите за субвенционирање на домаќинствата во Општина Карбинци за набавка на инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината со цел заштита на животната средина. Со право на субвенционирање на трошоците за набавка и монтирање на високоефикасни инвертер клима уреди може да се стекнат носители на домаќинства кои живеат на територијата на Општина Карбинци, кои за затоплување користат тврди и фосили горива.  Потребно е станбениот објект да не е во фаза на изградба и во него домаќинството да живее.

На едно домаќинство ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди со висина од 30% од вредноста на инвертер климата, но не повеќе од 20.000 денари по барател со вклучен данок на доход.

️Средствата се планирани од Буџетот на Општина Карбинци со вкупен износ од 700.000,00 денари. Огласот за поднесување на документација ќе се објави на 15.05.2023 година со времетраење од 60 дена.

 

 

Извор: Општина Карбинци 

Прочитајте

МТВ: Николовски – Од Скопје ќе се лета до Женева и...

0
Ве информираме дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа: Скопје -Женева Скопје-Париз (аеродром Орли) Овие две дестинации се воведуваат на барање...