spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: Примопредавање на мултифункционално комунално возило

Крушево: Примопредавање на мултифункционално комунално возило

Извршивме примопредавање на мултифункционално комунално возило (камион со плуг за чистење снег и распрскувач на песок и сол), како инвестиција од страна на Министерството за локална самоуправа, БРР и Центарот за развој на Пелагониски плански развој, со што се овозможува јакнење на институционалните капацитети за комунални услуги.

Станува збор за возило компатибилно согласно теренската конфигурација на општината, за да може да се реализира брзо и навремено зимско одржување. Локалната самоуправа и надлежните служби се грижат за сите жители на Општина Крушево за безбедно одвивање на сообрајќајот во зимски услови, бидејќи успешна зимска сезона значи и редовно одржување на улиците и обезбедување проодност.

Во иднина чистењето на снег во сите населени места ќе се врши веднаш. Со тоа се става крај на сите поплаки на граѓаните за ненавремено исчистени улици или за наноси од снег на патиштата.

Продолжуваме со силна посветеност со цел нашите граѓани и сите учесници во сообраќајот да добијат подобри услови за патување низ Општина Крушево.

Инвестираме во јавното претпријатие и продолжуваме со нејзино опремување.

Општина Крушево ќе биде позитивен пример за превземање на конкретни и решителни чекори, со цел да постигнат уште подобри резултати во сегментот на зимското одржување.

 

 

 

Извор: Општина Крушево 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...