spot_img
spot_img

Илинден: Успешно спроведена крводарителна акција

ОпштиниИлинден: Успешно спроведена крводарителна акција

Најчитано

Во општина Илинден се одржа уште една успешно спроведена крводарителска акција која се реализира во соработка со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина, во просториите на Домот на култура „Илинден”. На оваа крводарителска акција граѓаните  од општина Илинден уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело со дарување на крв.

Денешната крводарителна акција на која имаше голем одзив,  ја посети и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој и самиот даруваше крв. Тој апелираше сите граѓани кои имаат можност да дадат крв затоа што на тој начин се спасува нечиј живот.

На акцијата која почна во 10 часот собрани се 40 крвни единици. Кесите со собраната крв ќе бидат предадени на Институтот за трансфузиона медицина и ќе ја добијат оние кои имаат најмногу потреба од неа.

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе