spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДебар: ЈАВЕН ПОВИК За доделување финансиски средства на сnортски клубови и граѓански...

Дебар: ЈАВЕН ПОВИК За доделување финансиски средства на сnортски клубови и граѓански организации од областа на културата

Врз основа на член 50 став 1 точка од 3аконот 3а локална самоуправа (“Службен Весник на Р.М. бр. 5/02 ) и со Одлуката од Совет на Општина Дебар за утврдување на постапка за доделување на финансиски средства од Буџетот на Општина Дебар , ПРОГРАМА За активностите на Општина Дебар во областа на спортот во 2023 годинa Бр.Nr.08-1503/13 од 22.12.2022 година, ПРОГРАМА за активностите на Општина Дебар од областа на културата и нивното финансирање за 2023 година Бр.08-1503/12 од 22.12.2022 година, Градоначалникот на Општина Дебар, објавува:

ЈАВЕН ПОВИК  
За доделување финансиски средства на сnортски клубови и граѓански организации од областа на културата,

Целта на овој конкурс е да ја зацврсти и унапреди соработката на Општината со  спортските клубави и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се потикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и rраѓанските организации. Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани регистрирани на територија на Општина Дебар според 3аконот на здруженија на граѓани и фондации.
3друженијата кои имаат добиено финансиски средства мината година треба да достават финансиски извештај за финасиските средства и активностите извршени во текот на минатата година,заедно со потребните образеци зa аплицирање.

Неопходна документација која треба да ја поднесат ЗДРУЖЕНИЈАТА / КЛУБОВИТЕ

Здруженијата и клубовите кои учествуваат на огласот треба да достават:

1. Пријавување (преземено на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар);

2. Прилог 1 – Временска рамка (достапна на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар).

3. Анекс-2 Буџет (достапен на веб-страницата на општина Дебар www.dibra.gov.mk како и во просториите на општина Дебар).

4. Копија од моменталната состојба од уписот во регистарот на други правни лица за регистрација на здружението/клубот не постар од шест месеци;

5. Копија од статутот;

Забелешка:  Доколку вашиот предлог-проект биде избран и добие финансиска поддршка од Буџетот на општина Дебар, имате обврска да го користите логото на општина Дебар. Проектите што ќе добијат финансиска поддршка од општина Дебар треба особено да се внимава да не се нарушува имиџот на институцијата, да не се користи говор на омраза, навреди кои можат да поттикнат насилство, меѓуетничка толеранција или дејствија што се спротивни на Уставот и законските норми на РСМ. За сите горенаведени точки одговорни ќе бидат здруженијата/клубовите или поединците кои ќе добијат финансиска поддршка за нивните предлог-проекти од страна на општина Дебар. Некомплетната документација или пријавите кои ќе се достават по истекот на рокот предвиден во јавниот оглас, нема да се разгледуваат.  Апликациите доставени во архивата на општина Дебар нема да му бидат вратени на апликантот.

Рок и начин на поднесување апликации

Краен рок за поднесување на апликациите е 30,05,2023 година Документацијата да се стави во затворен плик со назнака: „Јавен Повик (за финансиска поддршка на здруженија и спортски клубови)“ на адреса: Општина Дебар,8-ми Септември бр 72 1250, Дебар, или во архивата на општина Дебар од 08:00 до 16:00 часот

Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на општина Дебар. www.dibra.gov.mk  Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Комисијата за реализација на Јавниот повик на емаил адреса dibra@dibra.gov.mk или тел: 046-831-196

Документанција

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...