spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДојран: Ученици од О.О.У “Кузман Јосифовски Питу” Скопје во посета

Дојран: Ученици од О.О.У “Кузман Јосифовски Питу” Скопје во посета

Ученици од О.О.У “Кузман Јосифовски Питу” Скопје, беа во посета на Дојран.
Освен што децата се запознаа со убавините на нашата општина, научија повеќе за богатата историја, култура и традиција на Дојран и дојранско, тие имаа можност одблиску да видат како функционира една локална самоуправа и да добијат одговори на прашањата кои ги интересираат.
Остроумноста на децата, нивните интересни и мудри прашања беа за пофалба, а јас со задоволство одговарав на секое од нив.
Се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме во Дојран.
Општина Дојран освен за локалното население, прашаањата на заинтересираните граѓани и туристи, во секое време е отворена и за посета на ученици од сите краеви на нашата држава.
Овде сме да помогнеме, да посочиме, да научиме.
Задоволство ни е да ги слушнеме сите граѓани, а посебна радост ни претставува кога ќе не посетат ученици кои со љубов се интересираат за нашиот бисер – Дојран.

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...