spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedДојран: Известување За С. Фурка, Црничани И Николиќ

Дојран: Известување За С. Фурка, Црничани И Николиќ

Почитувани сограѓани,

Во нашите заложби за креирање и одржување на транспарентност и отчетност пред сите жители од нашата општина, ве известуваме дека општина Дојран е само корисник и набљудувач во постапката за избор на изведувач на градежни работи и реконструкција на улиците во населените места Николиќ, Фурка и Црничани.

Како што е познато од претходно, Министерството за транспорт и врски како финансиер и спроведувач на постапката, а општина Дојран како корисник, на ден 15ти септември 2022 година беше склучен договор со фирмата ВЕ ГРУПА Радовиш за извршување на потребните реконструктивни работи во населените места Николиќ, Црничани и Фурка. Но, поради незапазување на роковите и ненавремено извршување на работите, договорот со нив е раскинат од страна на министерството.

Во нашата посветеност да испорачаме квалитетна инфраструктура и да обезбедиме квалитет на услугите за нашите граѓани, процесот на селекција за избор на нов изведувач е дизајниран да биде брз и прецизен, овозможувајќи ни да избереме фирма која ќе го спроведе проектот за реконструкција со најголема професионалност и почитување на роковите.

Би сакале да ви се заблагодариме за вашето трпение и разбирање и уште еднаш ви се извинуваме за ваквите настанати ситуации.

Општина Дојран останува посветена на изградба и обезбедување добра инфраструктура за секое населено место од нашата општина.

Ќе продолжиме да ве информираме за напредокот на процесот на избор на изведувач, временската рамка за реконструктивните работи како и самиот процес на работа на улиците кои се предвидени за реконструкција.

Ако имате какви било прашања, ве молиме слободно контактирајте не.

Вашите повратни информации се непроценливи и го цениме вашето активно учество во подобрувањето на нашата општина. Заедно, да изградиме подобра иднина за сите населени места од општина Дојран!

 

 

 

Извор: Општина Дојран

Прочитајте