HomeUncategorizedКичево: Средба со директорот за развој на Светска банка г. Вахба

Кичево: Средба со директорот за развој на Светска банка г. Вахба

spot_img
spot_img

Во општина Кичево на посета го имавме директорот за развој на Светска банка за (Регион на Европа и Централна Азија), г. Самех Вахба и неговиот придружен персонал.

На средбата се разговараше за многу важни теми, почнувајќи од светската криза, економските пречки и предизвиците кои не очекуваат во иднина.

Главна тема на оваа средба беше зајакнувањето на одржливите односи и развојот на капацитетите за да се има што е можно почиста животна средина.

Вреди да се истакне фактот дека општина Кичево е една од трите општини избрани да имаат техничка помош при составувањето на плановите за квалитетот на воздухот што ќе ги спроведува Министерството за животна средина.

Градоначалникот Фатмир Дехари, им се заблагодари на делегацијата на Светска банка за работата и интересот што го покажаа и заеднички да реализираме вакви проекти за да имаме почиста животна средина во нашето општество.

 

 

Извор: Општина Кичево 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија