spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedВиница: Реконструкција на локален пат Блатец - Детлово

Виница: Реконструкција на локален пат Блатец – Детлово

Реконструкцијата на локалниот пат Блатец – Детлово е во завршна фаза. Моментално истиот е во тек на асфалтирање, ќе се асфалтира 3028м патна должина. Се очекува во најкраток период да се заврши со асфалтирањето и да се постават банкини и сообраќајна сигнализација на претходно определените места.

Од страна на Општина Виница веќе е изработена техничката документација според која ќе се продолжи со реконструкција и асфалтирање на уште 2500м патна површина. Градежните работи за овој проект ги изведува фирмата Блек Си Груп – ОСД – Градба Промет. Проектот „Реконструкција на локален пат Блатец – Детлово“ е поддржан од Министерството за транспорт и врски, со цел подобрување на патната инфраструктура и е со финансиска поддршка од Светска банка.

 

 

Извор: Општина Виница

Прочитајте