Општина Кратово оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете прваче е запишано во основното училиште Кочо Рацин. Рокот за пријавување е до 30 септември 2023 година.
Согласно Програмата за активностите на општина Кратово во областа на социјалната заштита и здравството за 2023 број 09-1649/1 од 15.11.2022 година („Службен гласник на Општина Кратово“ бр.13/22), освен училишен прибор во висина од 1000,оо денари за секое прваче воведена е парична помош од 2.000,оо денари со цел олеснување на почетните трошоци за учениците во семејствата.
Родителите на првачињата потребно е до архивата на Општината да поднесат барање со потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година која ќе биде заверена од основното училиште, фотокопија од извод од матична книга на родените за првачето и фотокопија од активна транскациска сметка на родителот кој е подносител на барањето.
Образец/барање што треба да се пополни:
Барање за еднократна парична помош за прваче 2023
Извор: Општина Кратово