Ослободувањето на Кратово на 6-ти септември 1944-тата, беше одбележан со свечена седница по повод Денот на општината на која излагање имаше професор-историчар Александар Ефремовски.
Во своето обраќање по повод празникот на градот кога се одбележуваат 79 години од неговата слобода, градоначалникот Тодорче Николовски се обрати и им го честиташе празникот на присутните граѓани, одддавајќи им почит на сите генерации кои посветено работеа со свои идеи, мудрост, талент и градителска моќ во општина Кратово.
79 години гордо ја раскажуваме историјата за Тошо Куковски, Владо Гаџев, Митко Каналиски, Вера Пазаванска, Митко Пенџуклиски, Царка Андреевска и др.
… ВЕЧНА ИМ СЛАВА!
На денешната свечена седница на Советот на Општина Кратово беа врачени и признанија на вработени од ЈОУДГ „Царка Андреевска“, ООУ „Кочо Рацин“ и СОУ „Митко Пенџуклиски“ Кратово и пофалници со вредносни ваучери во износ од 3.000,оо денари на ученици од основно и средно училиште кои во учебната 2022/2023 година се со освоена награда од државни натпревари.
Прославата продолжи со положување на цвеќе на Спомен-костурницата на делегација на Општината предводена од градоначалникот, делегација на Општинската организација на Сојузот на борци од Кратово, како и делегации од институции, јавни претпријатија, здруженија на граѓани и политички партии.
Свеченоста заврши со изложба на фотографии Свадби во Кратово и Кратовско во изложбениот салон на Музеј на град Кратово.
Извор: Општина Кратово