„Децата сакаат да спортуваат, да им го овозможиме тоа”, е мотото под кое, денес, на спортскиот терен на АРМ во Градски Парк се одржа спортски настан со учество на деца од повеќе скопски училишта од различни возрасни категории. Во спортските игри учествуваа и ученици со посебни потреби.
Настанот го организираше Сојуз на училишен спорт на Скопски регион, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.
Масовниот одзив го поздрави претседателот на Федерацијата за училишни спортови Проф. д-р Александар Туфекчиевски и раководителот на Сектор спорт при Агенцијата за млади и спорт Огнен Стојановски.
Извор: Агенција за млади и спорт