spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Одбележана 65 годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто

Прилеп: Одбележана 65 годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто

Делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, како и делегации на Советот на Општина Прилеп и политичките партии, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во центарот на градот. Оддавањето почит пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, е по повод одбележувањето на 65-годишнината од неговата смрт.

Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Прилеп на 17 август 1902 година, а починал на 24 јули 1957 година, во својот роден град.

Долго време по неговата смрт, Ченто бил табу тема и ретко бил споменуван во книгите и учебниците, а и јавните разговори за него биле најстрого забранувани. Во 1990 година, по осамостојувањето на Македонија, на барање на неговиот син Илија Андонов – Ченто, судот ја повторил кривичната постапка против Ченто, при што одлуката на судот од 1946 година била укината.

Постхумно е одликуван со “Орден на Република Македонија”, признание кое го имаат само поранешните претседатели на Македонија.

Така завршува епопејата за еден борец за македонско национално единство, борец   за обединета и независна Македонија.

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

АХВ: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

0
“Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата...