spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Соработката со граѓанските организации и социјалните претпријатија отвори нови работни места

Центар: Соработката со граѓанските организации и социјалните претпријатија отвори нови работни места

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше дел од фестивалот на Civica Mobilitas  и Центарот за социјални претпријатија на кој со свои штандови и сценски изведби се претставија околу 80 граѓански организации.

„Врската меѓу локалните самоуправи и социјалните претпријатија низ годините се покажа како клучна за реализирање на различни проекти значајни за граѓаните. Во Општина Центар имаме неколку проекти во кои невработени лица или маргинилизирани граѓани добија вработување. Тие посетуваа серија на обуки, се стекнаа со нови знаења , истите ги унапредија и добија сертификати со кои се насочија кон различни проекти“, изјави Герасимовски.

Герасимовски зборуваше за проектите за чија реализација се ангажирани лица од граѓанските и социјалните здруженија.

„Во Општина Центар особено е значаен проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ кој во соработка со граѓанската организација „Хуманост“ ангажира лиценцирани негуватели кои на највозрасните граѓани на општината им даваат нега 3 пати во неделата по 2 час. Преку Центарот „Сервис за одмена на семејна грижа“ кој Општина Центар ќе го отвори со УНДП ќе бидат згрижени максимум 40 корисници со 24 часовна грижа најмногу 15 дена во година меѓу кои и лицата со Алцхајмерова болест и деменција. Општина Центар години наназад соработува и со „Банка за храна“ преку која секој месец на социјално загрозените лица, децата од малите групни домови и згружувачките семејства им доделуваат пакети со прехранбени и хигиенски производи“, истакна Герасимовски.

Меѓу проектите Герасимовски зборуваше и за соработката со UN WOMEN каде беа организирани бесплатни обуки за невработените жени со што беа отворени можности за нови вработувања и започнување на сопствен бизнис. Во рамки на овој проект беа посетувани обуки од областа на развој на бизнис идеја и бизнис план, претприемништво и менаџерски вештини, дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии за што Општинат и додели сертрификати во зависност од посетената обука.

Општина Центар останува верен партнер на граѓанските организации и социјалните претпријатија кои придонесуваат невработените лица да го унапредат своите знаење и се вклучат во пазарот на трудот.

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...