spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКратово: Кампања за подигање на свеста за згрижување на деца и промовирање...

Кратово: Кампања за подигање на свеста за згрижување на деца и промовирање на националната стратегија за деинституционализација

? На секое дете му е потребно семејство и заслужува љубов. Згрижувачките семејства, вршат благородна мисија и креираат радост во заедницата?

?Градоначалникот на општина Кратово, Тодорче Николовски, разговараше со Александра Мојсова од СОС Детско село за договорената вклученост на општина Кратово во кампањата за подигање на свеста за згрижување на деца и промовирање на националната стратегија за деинституционализација. Проектот „Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца“, кој го спроведува СОС Детско село, предвидува општествена мобилизација за подигање на свеста за важноста на програмата за згрижување на деца и иницира создавање систем за одржување на врските на децата со семејството, заедницата и културното потекло.

 

 

 

Извор:  Општина Кратово

Прочитајте

МЗ: Кампања „Спринт за имунизација“

0
Седумдесет тимови на доктори и медицински сестри, изминатата недела се на терен и веќе посетија над 3.000 семејства на невакцинирани деца во рамките на...