spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Меморандум за соработка со Правната клиника при Правниот факултет од Штип

Валандово: Меморандум за соработка со Правната клиника при Правниот факултет од Штип

Градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, заедно со раководителката на Правната клиника на Правниот факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, проф. д-р Милица Шутова, потпишаа Меморандум за соработка во областа на правото, интегритетот и доброто управување.

Меморандумот предвидува партнерска соработка на Правната клиника при факултетот и општината, заедничко аплицирање на проекти, обезбедување бесплатна правна помош, организирање обуки и изработка на стручна анализа.

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте