spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Дедо Мраз стигнува со балон. Пакетчиња за сите деца!

Кисела Вода: Дедо Мраз стигнува со балон. Пакетчиња за сите деца!

Општина Кисела Вода ги поканува дечињата на големо дружење оваа сабота, со почеток од 10:30 минути. Новогодишниот хепенинг ќе се одвива под името “Дедо Мраз со подароци за вас” и на најмладите ќе им овозможи несекојдневно доживување.

Програмата ќе започне со театарска претстава во изведба на вработените од ЈДГ “Весели Цветови”, по што следува концерт на “Поточиња”, a потоа спектакуларно, со балон на топол воздух ќе пристигне Дедо Мраз и ќе им подели пакетчиња на сите присутни дечиња.

 

Бидете сите во сабота, на 24.12.2022,  во паркот на улицата “Есенинова” за заедно да ја почуствуваме новогодишната магија и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во Новата 2023 година!

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...