spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Доделени грантови за финансиска поддршка на мали и микро фирми...

Гази Баба: Доделени грантови за финансиска поддршка на мали и микро фирми и старт ап фирми

Вчера во просториите на општина Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски ги додели грантовите за финансиска поддршка на мали и микро фирми и старт ап фирми. Овие грантови општина Гази Баба ги доделува во рамки на своите две програми:

– Програма за финансиска поддршка на мали и микро фирми, занаетчии и семејно земјоделско стопанство во рамки на која се доделија 10 грантови;

– Програма за стар ап фирми во рамки на која се доделија 3 грантови.

Општина Гази Баба е една од ретките општини во Република Македонија која овозможува директна финансиска помош на малите и микро фирми од својата територија и со тоа дава поддршка на развојот на економијата во општината.

Програмите ќе продолжат да се реализираат и во следната буџетска година.

ПОГЛЕДНЕТЕ ??

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

МЕП: Средба на МЕП Муртезани со директорот Нојкирх од Советот на...

0
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со Клаус Нојкирх, директор за координација на програми при Советот на Европа, на која беа...