Во општина Ѓорче Петров се одржа седмиот традиционален Коњички марш со поддршка од нашата локална самоуправа.
Учесниците на маршот ги пречека градоначалникот Александар Стојкоски кој рече дека огромно е задоволството да присуствува на ваква манифестација кај црквата Св.Ѓоргија во с.Кучково, манифестација преку која се негуваат традиционалните и културни вредности.
-Општина Ѓорче Петров и во иднина ќе продолжи да поддржува манифестации од овој тип, се со цел ѓорчепетровци да имаат можност да уживаат во вакви збиднувања и да се дружат на територијата на нашата општина-додаде Стојкоски.
Извор: Општина Ѓорче Петров