spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Годишните даночни пријави за утврдување на данок на личен доход за...

УЈП: Годишните даночни пријави за утврдување на данок на личен доход за 2020 година

Годишните даночни пријави за утврдување на данок на личен доход за 2020 година, на 01.06.2021 година добија статус на конечни. Пријавите кои не беа ниту потврдени ниту коригирани се потврдени службено.

Коригираните Годишни Даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на Годишната Даночна пријава, ќе се донесе Решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.

Кај граѓаните кај кои се јавува разлика за доплата на данок истиот треба да се доплати до 30.06.2021 година. За да се доплати данокот, треба да се испечати или точно да се препише налогот кој се наоѓа на третата страна од ПДФ документот, најдолу десно во прегледот на ГДП.

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...